Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да настапи на третиот грен слем турнир сезонава кј идниот месец ќе се игра во Вимблдон, најави денеска капитенот на Дејвис купот на Шпанија, Давид Ферер. „Рафа нема да игра на Вимблдон“, изјави Ферер, цитиран од весникот „Мундо Депортиво“.
Според Ферер, 38-годишниот Надал сака што подобро да се подготви за учество на Олимписките игри кои стартуваат на крајот на јули во Париз.
Надал на крајот на мај загуби од Германецот Александар Зверев во првото коло на Ролан Гарос со 3-0 во сетови.