Форум за крводарителство на тема „Нови концепти за мотивирање при доброволното крводарување“ се одржа вчера и денеска во Велес, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Учесниците - раководството и вработени во Црвениот крст, претставници на Министерството за здравство и на Инстутут за трансфузиона медицина, како и мотиватори од локални средини, донесоа заклучоци кои треба да служат во насока на зголемување на мотивираноста за доброволно крводарување, информира за МИА Орце Николов секретар од општинскиот Црвен крст Велес.
Меѓу другото, посочи Николов, се разгледуваше и актуелната состојба со крводарителството во државата, покриеноста со крвни единици.
-Како посебен аспект беше потенцирано во акции за доброволни дарување на крв повеќе да се вклучи и приватниот сектор и да се истакне општествената одговорно на компаниите, информира Николов.
Заклучоците ќе бидат ставени на гласање на состанок на раководните одбори на Црвениот крст и ќе треба да резултираат со зголемување на крводарителството односно нови крводарители