Во трите општински основни училишта во општина Дебар, од година во година, се помал е бројот на ученици, кои за првпат седнуваат во ученичка клупа.

Според Бурим Казиу, општински просветен инспектор, во предвидениот рок на Министерството за образование и наука во трите основни училишта ООУ „Пенестија“ и „Саид Најдени“ во градот, како и ООУ „Ристе Ристевски“, во селото Долно Косоврасти, пријавени се 88 првачиња.

- Морам да нагласам дека во периодот пред почетокот на новата учебна 2024/2025 година се очекува зголемување на бројот на првачињата. Непишано правило е родителите децата да ги запишуваат неколку денови пред или на самиот почеток на учебната година. Но, како и да е бројката ќе биде помала во однос на минатата учебна година, вели Казиу.

Додава дека според статистиката на надлежните институции годинава се очекува да бидат запишани нешто повеќе од 130, наспроти 180 првачиња минатата година.

Главна причина е масовната миграција на населението во западно европските земји и САД, но и миграцијата на населението во рамки на државава, главно во Скопје.

Бројките последните години ни од далеку не може да се според со претходно. Пред две децении бројот на првачиња беше над 400 додека во 80-те години од минатиот век, пред миграцијата, нивниот број беше над 600 првачиња.

Во рамки на „Пенестија“, кое е најголемо основно училиште во поширокиот регион, функционира и подрачно училиште во село

Џепиште, додека во „Ристе Ристевски“ подрачни училишта во Могорче и Горно Косоврасти



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2024 15:54