Почна со работа отворениот базен во рамки на спортскиот комплекс базени Куманово, информираа денеска надлежните од јавното претпријатие „Куманово паркинг“, кој менаџира со базенот.

Базенот ќе работи секој ден од 10 до 18 часот.

- Претходно се чистеше самиот базен и неговата околина, цевките, водните пумпи, одводот, беа извршени поправки онаму каде што имаше потреба. Подготвени сме да ги примиме рекреативците, да овозможиме забава за сите генерации кои во жешките денови сакаат да се разладат. Секако дека има правила на користење и тие сите ќе мора да ги почитуваат, изјави Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Куманово паркинг“

И оваа сезона за капачите ќе се грижат вработените-спасители на вода и медицински персонал. Цената за влезот е непроменета и изнесува 150 денари за ден.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2024 16:02