Општина Битола, започна со работни активности за реализација на проектот за „Реконструкција на општински пат во населеното место Цапари“.
Патната инфраструктура во Цапари ќе биде подобрена во должина од 1278 метри, за што од општинскиот буџет се инвестираат 8.711.260 денари.
Увид на реализацијата на активностите, денес изврши градоначалникот Тони Коњановски, кој информираше дека ова е еден од проектите со кои локалната самоуправа инвестира во подобрување на инфраструктурните услови како во урбаниот, така и во руралниот дел на општината.