Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера ја претстави својата програма пред членовите на општинските организации во Карпош и Гази Баба.

Пред присутните, Петровска ги објасни своите постулати и приоритети во програмата за работа како идна претседателка на СДСМ.

„Мојата програма "Манифест на социјалдемократијата" во себе содржи прогресивни политики и враќање кон корените на СДСМ. Како дете на партијата, мојата цел е да го вратам СДСМ на власт. Со интегритет, кредибилитет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија“ порача Петровска.

Петровска продолжува со средби со членовите на партија со цел тие подобро и поблиски да се запознаат со мерките и приоритетите во нејзината програма.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2024 16:55