Mрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на „Британскиот совет“ распиша повик за мобилност на млади таленти. Ова е втор повик што мрежата го распишува, по успешниот повик за филмски работилници на кој се пријавија 40-ина млади од сите шест земји од Западен Балкан.
-Млади на возраст од 15 до 25 години, граѓани на една од земјите на Западен Балкан, може да учествуваат на едукативни и креативни работилници што се организираат во рамките на филмски фестивали од регионот, со цел да ги подобрат своето знаење и вештини. Тие треба да имаат потврда од конкретниот филмски фестивал или организација дека се примени за учество на работилници, се вели во денешното соопштение од Edu Cuts.
Учеството на работилниците, се додава во него, ќе подразбира едукација, креативност и интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан, кои ќе ги споделат заедничките интереси во аудиовизуелната и филмска уметност со спремност за тимска работа под надзор на ментори.
Edu Cuts ќе ги покрие патните трошоци за минимум 20 млади таленти за да учествуваат на различни креативни работилници. Повикот е отворен до исцрпување на финансиските средства за таа намена, односно до крајот на годинава.
Мрежата Edu Cuts ги обединува филмските фестивали и организации што се фокусирани на промоцијата и имплементацијата на образованието и мобилноста на младите таленти. „Култура и креативност за Западен Балкан“ е финансниран од Европската Унија и целта е да го збогати дијалогот помеѓу земјите од Западен Балкан, со зацврстување на културните и креативните сектори за збогатување на општествено-економското влијание.
Едукацијата на млади таленти од областа на филмот се спроведува со поддршка Мрежата Edu Cuts. Иницијатор на мрежата е „Планет-М“ од Скопје, организатор на Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“, а партнери се: „Филм арт“ од Пожега, Србија (организатор на фестивалот и кампот за документарни филмови Интеракција), Здружението на млади уметници од Сараево, БиХ (организатор на Telemach Omladinski Filmski Festival), PriFest од Приштина, Косово (Организатор на PriFest International Film Festival) и Подгорица филм фестивал од Црна Гора, (организатор на истоимениот фестивал).
Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание