Македонскиот национален тим на стартот од натпреварите од Третата Европска зона од Дејвис купот претрпе денеска пораз во Улцињ од домаќинот Црна Гора со максимални 3-0.

Берг Бугариќ во првиот дуел загуби со 2-0 во сетови од Петар Јовановиќ (6-0, 7-5), а без освоен сет пораз претрпе и Шендрит Деари од Реазрт Чунгу (6-1, 6-3).

Конечните 3-0 беа поставени во дуелот во двојки во кој Димитар Грабул и Амар Хусеиновиќ беа поразени со 2-1 во сетови (2-6, 6-1, 7-5).

Македонските тенисери утре играат против Словенија која денеска беше слободна во рамки на групата А.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2024 23:34