Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали зборуваше за плановите за зголемување на бројот на спринтови.

Тој истакна дека во иднина, раководството на Формула 1 сака да го зголеми бројот на спринтови одржани во текот на сезоната. Во моментов, Ф1 одржува шест Гран При со спринт трки по сезона.

- Тоа е целта. Бројките покажуваат дека публиката е заинтересирана за спринтови. Што се однесува до бројот на трки, не мислам дека 24 Гран при по сезона е преизобилство. Погледнете ги другите спортови. Фудбал или кошарка се игра речиси секој ден. Тие се многу поактивни да ги забавуваат своите фанови. А во однос на количината, има многу помалку содржина во Формула 1. Сепак, во споредба со другите спортови, ни оди многу добро. Ние се развиваме. Сите вклучени во Формула 1, кои имаат каква било врска со тоа, треба да бидат задоволни од ситуацијата, истакна Доменикали.

Следната трка во Формула 1 е претстојниот викенд кога во Барселона ќе се вози шпанското Гран при.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2024 16:17