По два дена блокада на кумановска депонија Краста, жителите на Пчиња, Студена Бара и Вакв дозволија влез за камионите на ЈП ,,Чистота и Зеленило''. Продолжи депонирањето на сметот. Месното население постигна договор со Општина Куманово. За понеделник е закажан состанок со градоначаникот Максим Димитривски и претставници на месното население, и надлежните институции, на кој ќе се дефинираат мерките кои во иднина ќе треба да се реализираат.

Жителите на Пчиња и околните села бараат дислокација на депонијата, откако се јави големиот пожар кој трае неколку дена. Реагираат дека депонијата го загадува нивниот регион и културите кои што ги произведуваат.

По дводневната блокада на Краста, вчера вонредна седница одржа и Советот на Општина Куманово. Советниците изгласаа заклучок да се формираат работни групи кои ќе донесат мерки за надминување на проблемот, препорачаа да запре блокадата но и побараа претпријатието да се придржува до насоките на инспекторатот и во рок од седум дена целосно да го изгаси пожарот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2024 20:42