„Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен акцент на борба со корупцијата и нема повеќе да бидеме сведоци на срамни коруптивни чинови”, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во гостување на ТВ Алфа во „За или против”.

Таа продолжи и додаде:

„Ќе инвестираме во граѓаните, ќе се грижиме за нивниот начин и живот бидејќи доста е веќе од оние популистички мерки кои ги гледавме изминатиот период”, рече Бојковска.

Таа додаде дека младите се зрели и подготвени за на институционално ниво.

„Младите се зрели и подготвени работите да ги преземат во свои раце институционално и тоа го имаме во примери во претходниот состав на парламентот каде млади пратеници активно се залагаа за младинскиот животен стандард”, посочи Бојковска.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2024 05:14