Македонија е пред нов почеток, пред нова можност за напредок и за развој. Убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите не значи само промена на досегашната неспособно и неодговорна на влада на ДУИ и СДСМ, проследени со бројни криминални скандали и афери, туку значи комплетно нов начин на управување, целосно ресетирање на системот и конечно воспоставување на правната држава и владеењето на правото, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во својот говор во македонското Собрание на седницата за избор на идната влада.

Посочи дека единствен начин за целосна трансформација на Македонија е носење на одговорни политики, стратегии и законски решенија кои ќе одговорат на потребите на граѓаните.

„Изминативе седум години имавме целосно уништен систем, крахирана економија, сиромашни граѓани, криминал и корупција. Довербата на граѓаните од еден до два проценти во правосудните органи е на ниво на статистичка грешка и затоа добиваме потврда од сите релевантни меѓународни истражувања и организации кој во своите извештаи нотираа дека Македонија назадува на секое поле и кои јасно и недвосмислено укажаа дека во Македонија има епидемија на корупција. И дека една од главните причини поради кои се кочи напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија е токму високото ниво на корупција“, рече Ковачки.

Тој додаде дека е време конечно Македонија да стане правна држава во која законот ќе важи подеднакво за сите, каде што ќе нема селективност од хиерархиски највисокиот до најнискиот во институцијата, а не како до сега, каде наместо за скандалите да одговараат оние кои беа директни покровители, односно владините функционери да одговараат пред лицето на правдата, одговараа најниските во хиерархијата.

„Денеска стоиме исправени и сме горди на својот народ кој го препозна моментот за запирање на тонењето на Македонија. Изборот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од премиерот Христијан Мицкоски е многу важен за демократските процеси во нашата држава кои во изминатите години во владеење на ДУИ и СДСМ, беа газени преку честото кршење на деловникот“, додаде Ковачки.

Со изборот на новата Влада на Македонија се создава нови можности за исчекор и обиди за фаќање приклучок со цивилизираниот свет, посочи Ковачки.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2024 17:59