Италијанецот Јаник Синер го победи Полјакот Хуберт Хуркач во денешното финале на турнирот од серијата АТП 500 во Хале (Германија).

Натпреварот траеше 1 час и 51 минута и заврши со 2:0, по сетови 7:6 (10:8) и 7:6 (7:2).

Синер забележа 10 аса во текот на играта, направи една двојна грешка и не реализираше ниту една од трите брејк топки. Хуркач имаше 13 аса и не ја реализира единствената брејк-топка.

Дваесет и двегодишниот Синер го освои 14. АТП турнир во кариерата.

Оваа сезона светскиот рекет број еден има четири победи во исто толку финалиња на АТП турнирите.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2024 19:37