Руската тенисерка Ана Калинскаја попладнево загуби од Американката Џесика Пегула во финалето на турнирот од серијата ВТА 500 во Берлин со 7:6 (7:0), 4:6 и 6:7 (3:7).
Русинката пропушти пет меч топки и дозволи победа за Американката.
Натпреварот траеше 2 часа и 32 минути. За Пегула мечот беше втор во денот. Таа претходно ја победи Коко Гауф во презакажаното полуфинале.
Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 922.573 долари.