Возачот на Мекларен, Ландо Норис жали што не победи на шпанското Гран при.

Британецот кој тргна од пол-позицијата, денешната трка на „Барселона-Каталуња“ ја заврши на второто место, зад возачот на Ред Бул, Макс Верстапен. Трет заврши Луис Хамилтон од Мерцедес.

- Требаше да ја победам трката. Не успеав на почетокот, толку е едноставно. Автомобилот беше неверојатен денес. Бевме најбрзи на патеката, без сомнение. Само изгубив сè на почетокот, го цитира Норис „Скај Спортс“.

Со 219 бодови, Верстапен продолжува да води во Формула 1 поредокот за возачи оваа сезона. Норис се искачи на второто место (150 поени), а зад него е Шарл Леклер од Ферари (148)



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2024 04:26