Невремето проследено со врнежи од град со големина на лешник што синоќа го зафати Пехчево, предизвика штети на градинарски насади во пехчевско и околината.

Невреме проследено со врнежи од дожд и грмежи имаше и во Пијанец.

Од подрачната единица на МЗШВ најавија дека во текот на денот ќе ги посетат местата каде врнежите со град биле најизразени. Оттаму апелираа штетите да бидат пријавени во подрачните канцеларии во местото на живеење.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2024 17:51