Кинотека го објави конкурсот „После дождот“ во чест на јубилејот, 30 години од македонскиот и светски класик, филмот „Пред дождот“, наменет за сите млади филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметници.

-Сними оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути), во кој ќе користиш барем една реплика од филмот „Пред дождот“. На било кој видео формат. Креирај оригинален плакат за филмот, оригинален ремикс на музиката од филмот или друго уметничко дело инспирирано од филмот, соопштија од Кинотеката.

Како што посочуваат, сработените трудови треба да бидат испратени на „cinemathequeofmacedonia@gmail.com“ или кај нив, на адреса „Никола Русински“ број 1.

Од Кинотеката информираат дека селекција од пристигнатите трудови ќе биде презентирана на широка домашна и меѓународна публика, а наградите ќе бидат објавени наскоро.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2024 18:03