Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се искачи на второто место на најновата АТП ранг-листа објавена денес на веб-страницата на организацијата.

Шпанецот Карлос Алкараз минатата недела загуби од Британецот Џек Дрејпер во второто коло на турнирот во Лондон и загуби 450 поени. Благодарение на ова, Ѓоковиќ се искачи на второто место. Србинот моментално закрепнува од операцијата.

Лидер е италијанскиот тенисер Јаник Синер.

Десетте најдобри на најновата АТП ранг-листа:

Јаник Синер (Италија) - 9890 поени

Новак Ѓоковиќ (Србија) – 8360

Карлос Алкараз (Шпанија) – 8130

Александар Зверев (Германија) – 6905

Данил Медведев (Русија) – 6445

Андреј Рубљов (Русија) – 4420

Хуберт Хуркач (Полска) – 4235

Каспер Руд (Норвешка) – 4025

Алекс де Минаур (Австралија) – 3830

Григор Димитров (Бугарија) – 3750.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2024 18:08