Флорида утрово го победи Едмонтон со 2:1 во седмиот натпревар од финалната серија на НХЛ и го освои Стенли купот.

Картер Верхеј и Сем Рајнхарт погодија за домашнито тим, додека Матијас Јанмарк беше стрелец на единствениот гол за гостите од Канада.

Американскиот тим од Флорида ја доби серијата со 4-3 и го освои Стенли купот за прв пат во историјата на франшизата.

Хокеарите на Флорида претходно двапати стигнаа до финалето на плејофот: во 1996 година (загубија од Колорадо со 0:4) и во 2023 година (загубија од Вегас 1:4).

Канадски клуб не успева да го освои Стенли купот 31-ва сезона по ред. Последен пат трофејот беше испратен во Канада во 1994 година, кога Монтреал стана шампион.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2024 17:04