Владата на ВМРО-ДПМНЕ спречи зголемување на цената на струјата ценовен шок кој СДС и ДУИ го оставија.

Владата предложи, а парламентарното мнозинство го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што се спречи зголемување на цената на струјата од 1 јули за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.

Со СДС и ДУИ цената на струјата во изминатите 7 години се покачи и за 50%. Секоја година имаше зголемување. Таа пракса ја спречи владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема повеќе галопирачко зголемување на цената на струјата. Граѓаните можат да бидат спокојни, владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за енергетска стабилност на државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2024 12:57