Македонското друштво „Илинден"- Тирана упати честитка до Христијан Мицкоски за изборот за премиер на новата македонска влада.
-Дозволете, во мое лично име, како претставник на Македонците во Република Албанија, и во име на македонското друштво „Илинден"-Тирана, да Ви упатиме најискрени честитки по повод вашиот избор за претседател на Владата на Република Македонија, стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Се додава дека македонските граѓани дадоа огромна поддршка и избраа кој ќе ги води во наредните четири години.
-Македонско друштво „Илинден"-Тирана како најголемо друштво кое ги брани интересите на Македонците во Република Албанија, со нетрпение очекува да соработува со вас и вашата администрација во напорите за зајакнување на врските помеѓу Македонците од Република Албанија и матичната држава Република Македонија. Ви благодариме за Вашата претходна поддршка во клучни моменти за Македонците во Република Албанија, се наведува во честитката.
Изразувајќи ја нашата убеденост, стои на крајот во честитката, „во Вашата посветеност за подобра иднина, уште еднаш го упатуваме нашето највисоко почитување до Вас".