Учениците од крушевското основно училиште „Никола Карев“ и од средното „Наум Наумоски-Борче“ денеска работеа на впечатливиот проект „Обои камен, обои мозаик на македонски јазик“.

Со креиран графит-мозаик учениците ги изразија своите чувства преку ликовното креирање, како дел од годинашната програма на Министерството за култура, „Цртај на македонски јазик“. Креираниот графит-мозаик ќе биде завршна етапа на проектот, резултат на неколку литературни и ликовни истражувачки работилници поддржани од локалната самоуправа, локалните институции и заедницата.

-Ова е втор по ред ваков вид графит-мозаик во кој учениците од ОУ „Никола Карев“ и од средното училиште „Наум Наумовски–Борче“ под менторство на наставниците Емил Солески и Надица Нане, обработуваат теми поврзани со градот Крушево, неговата историја, традиција и негување на мајчиниот јазик, објаснува наставникот Емил Солески.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2024 15:58