Јапонскиот цар Нарухито и неговата сопруга царицата Масако денеска, за време на последниот ден од нивната седумдневна посета на Велика Британија, го посетија престижниот универзитет во градот Оксфорд, каде што и двајцата студирале во 80-тите години од минатиот век.

Официјалната државна посета на јапонската империјална двојка заврши вчера со збогување со кралот Чарлс и кралицата Камила во Бакингемската палата, но јапонскиот суверен успеал да организира посета на Оксфорд пред да се врати во Јапонија.

Царот, кој има 64 години, го посетувал колеџот Мертон во Оксфорд од 1983 до 1986 година, додека неговата сопруга, царицата Масако, која има 60 години, студирала меѓународни односи во доцните 80-ти години на колеџот Балиол.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2024 16:00