Хеликоптер Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот кој го загрозуваше с. Сушево, атар на Општина Василево.
Како што соопшти МВР, хеликоптерот исфрлил над 55 тона вода, а поради опасноста по селото, во гасењето на пожарот бил вклучен и хеликоптерот Бел 412 кој исфрлил 30 тони вода, по што опасноста по селото е отстранета.
-Пожарот уште е активен и се преземаат мерки за негово гасење, наведуваат од МВР.