Утре ќе преовладува променливо облачно време. Во раните утрински часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа се очекува стабилно и потопло време



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2024 17:45