Зголемен е временскиот период на чекање на ГП Табановце и за влез и излез, поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во соседна Србија, соопштија денеска од МВР.
И податоците за влез и излез покажуваат дека се чека на преминот. Незначителен број патници за овој период од годината во ек на летна сезона и годишни одмори, поминале низ преминот.
- Денеска во периодот од полноќ до 10.00 часот на ГП Табановце, влез оствариле 416 државјани, а излез 544 македонски државјани. Влез оствариле 3.611 странски државјани, а излез 942 државјани.Граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација, со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба, велат од МВР