Изложба на слики од Билјана Билбилоска денеска ќе биде отворена во Домот на култура „Кочо Рацин“, во Скопје, со наслов „Простор и тишина“. Уметницата ќе се претстави со дела изработени во комбинирана техника.

Билјана Билбилоска дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, на отсекот графика со графички дизајн. Досега имала десет самостојни изложби во земјава во Скопје, Тетово и Охрид, како и во странство и тоа во Париз (Франција), Сплит (Хрватска), Белград (Србија).

Учествувала и на над 50 групни изложби во земјава, Србија, Турција, Романија, Австрија, Португалија, Франција и САД, како и неколку меѓународни ликовни колонии.

Билбилоска стварила студиски престој во Париз во Cité Internationale des Arts (Франција),

Активно се занимава со графички дизајн и илустрација.

-Нејзиниот творечки калеидоскоп варира и се премрежува низ различните секојдневија кои ги живее преку разнообразните уметнички пракси. Сака да експериментира зад појавното, зад тривијалното, низ познати и непознати уметнички перспективи, во услови на неприкосновена слобода. Ги истражува хроматските аспекти на визуелната практика, нивната физика на дејствување, нивната интеракција, како и врската помеѓу музиката и боите, на синестетички начин, стои во најавата кон изложбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2024 12:17