Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локален пороен дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, а од петок времето ќе биде стабилно и топло.

Попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град. Температурата ќе се искачи до 31 степен.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2024 13:47