Во „Јавна соба“ во Скопје вечерва ќе се одржи концерт на Никола Ѓуричко и неговиот бенд Џони миднајт трио.

-Овој неодамна формиран рок бенд е како да гледаме стaри ноти на песни на легендарни екс ЈУ бендови, но со многу силен личен печат. Обработените песни, кои ги слават авторите кои ги почитуваат како Џони Штулиќ, ЕКВ, Шарло акробата и други, се отсвирени многу поинаку. Нивната песна „Лептир” личи како да е створена во раната фаза на новиот бран, под големо влијание на британската сцена, се вели во соопштението за концертот.

Ѓуричко е актер и регионален стендап комичар, кој е познат и преку ликот на Јури во продукцијата на Нетфликс, „Stranger things.”

Во неговата филмска кариера има повеќе легендарни остварувања како „До коска” (Do koske), „Молњи” (Munje), „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур” (Kad porastem bicu Kengur), „Зона Замфирова”.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2024 12:36