По надминување на сите имотно-правни и административни проблеми, конечно почна изградбата на нова Пречистителна станица за третман на отпадните води, децениски проблем кој го мачеше Дојран и со овој еколошко-капитален проект го решаваме најголемиот проблем за заштита на Дојранското Езеро, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.
Тој во објавата на фејсбук потсетува дека средствата во износ од 188 милиони денари за изградба на Пречистителната станица и санација на колекторскиот систем се обезбедени со одлука на Владата од 2020, 2021 и 2023 година заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и дополнителни 78 милиони од Амбасадата на Словенија во соработка со невладината организација „Милиеуконтакт"