Да се разграничи дека попреченоста не е болест, туку состојба, да се симне границата на МКФ (проценка на децата со попреченост) од 26 на 18 години и таа никако да не се врши врз основа на разговор со родителите како досега и да се воведат нови предмети во виоското образование (сурдологија, олигофренопедагогика) за медицинскиот персонал, судиите и адвокатите за тие полесно да им излегуваат во пресрет на лицата со попреченост. Ова се само некои од предлозите на коалицијата „Менуваме“ која денеска и официјално побара средба со Владата за измена и дополнување на Стратегијата за подобрување на правата на лицата со попреченост.
Коалицијата смета дека треба да се дефинира референтната цена за набавка на скутери и колички за инвалидни лица, како и на помагала за лицата со пореченост, но и да се отворат посебни велнес центри.
Како што изјави Суарет Алишан од „Менуваме“, Стратегијата е устав за лицата со попреченост, проектирана е на 10 години и затоа мора да биде согласно нивните потреби. Со неа се засегнати животи - образование, здравство, култура, вработувања на овие лица и таа практично ја проектира нивната иднина.
-Денес дојдовме по нашите средства и нашата програма. Бараме, наместо инклузивно образование, да се постави образование за лицата со попреченост според нивните потреби зашто финансики средства постојат. И МКФ не е поставена согласно потребите на децата и лицата со попреченост. Ние предлагаме реформа во Институтот за МКФ, зашто наместо да се прави проценка на детето, каква е неговата моторика и дали тоа може да биде во редовно образование, досега МКФ се праваше врз база на разговор со родителите, а така не смее. МКФ проценката не се прави така. Потоа, попреченоста не треба да се декларира како болест, туку како состојба, ние не треба да бидеме дефинирани како болни во системот. Ова се многу битни прашања. Ги имаме најдобрите решенија за лицата со попреченост, има и средства, па сметаме дека треба правилно да се искористат. Пред една година реагиравме за содржината и носењето на Стратегијата, ги дадовме забелешките, но досега немаше никаков импакт. На 28 декември се усвоија 46 милиони евра за нејзина примена, изјави Суарет Алишан од „Менуваме“.
На средбата со премиерот која ја очекуваат во најбрз можен рок, „Менуваме“, како што најави Алишан, ќе дојде со тим професори, лица со попреченост и поранешен Народен правобранител за да се детекриреаат слабостите во Стратегијата, но и потребите на лицата со попрелченост. Решенијата, дополни, се изготвени во целост, и како законски и како подзаконски акти, и веќе и се понудени на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
-Стратегијата е донесена лани, но досега ништо не се имнплементираше. Имаме информација само дека во февруари годинава се одржал состанок на Координативното тело во Владата. Стратегијата е рамка и гаранција не само за остварување и унапредување на правата на лицата со попреченост, туку има и Акциски план за три години. Инаку е проектирана да важи до 2030 година. Очекуваме дека Владата е инклузивна и дека има слух, дека ќе не разбере и удостои. На пример, Стратегијата вели „ќе се издвојуваат пари за пристапни рампи“. Не, државата има обврска, согласно Законот за градба, да гради, не треба некој да и кажува. Секоја општина има Преамбуила по која треба да се води за да ги оствари правата на лицата за попреченост, исто и централната власт, истакна Алишан.
Според него, образованието на лицата со попреченост моментно е на многу ниско ниво.
-Образованието воопшто не ни е олеснето, напротив, отежнато е. Дечињата се дури ставени да седат во последните клупи, како гревчиња. Каде е тука процесот на инклузија? На министерката за образование и наука Весна Јаневска веќе и дадовме неколку предлози, а таа јавно рече дека ќе бидеме повикани на состанок, рече Алиша.
Тој потенцира дека во однос на децата со попреченост, мора да се работи и со родителите.
-Родителите треба дома да ја напишат домашната задача со детето, а не тоа да биде сместено во некоја установа осум часа и потоа да не се работи со него. Така апсолутно не, ние имаме примарно и секундарно воспитание. Примарното воспитание е многу битно, родителот да му ги стекне навиките на детето. Ние знаеме дека има пропусти и затоа предлагаме решенија преку МОН, подвлече Алиша.
Еден од предлозите на „Менуваме“ е и да се изработи дигитален водич или речник за новинарите да ги препознаваат терминогологиите за лицата со попреченост, како и посебниот фонд да гу управува лице со попреченост.
Стратегијата е донесена минатата година, со буџет од 46 милиони евра.