Македонскиот автомобилист Ристо Вуков продолжува со настапите во Порше Суперкуп кој се вози пред трките на Формула 1.
На претходниот викенд во Австрија, патека каде што Вуков тренираше во претсезоната, тој успеа да се најде на 16. Место, па претстојниот викенд очекува освојување бодови.
По Имола, Монако и Ред Бул Ринг, овој викенд на програмата е трката на англискиот Силверстоун.
- Се надевам дека малерите и проблемите не добија виза и останаа во Австрија. Силверстоун е сосема поинаква патека каде што има свиоци низ кои возилото струи без да се допираат сопирачките. Патеката ми се допаѓа и верувам дека инженерите повторно ќе го тјунираат возилото на најоптимален начин. Најавени се променливи временски услови, но ќе видиме колку тоа ќе се погоди во термините од Порше Суперкуп. Со нетрпение очекувам да имам „нормален“ викенд во кој конечно потенцијалот што го имаме, ќе биде соодветно награден со бодови, изјави Вуков.
Трката се вози во недела на пладне, три часа пред онаа од Формула 1.