По двете пријавувања, во рамки на првиот уписен рок, во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, во прва година, пополнети се само 66 ученички места, што е 19,4 отсто од предвидената квота од 340 ученици.

Во дебарската гимназија, каде според конкурсот на МОН, предвиден е упис на 272 ученика, запишани се 46 ученици.

- Во прва година, за учебната 2024/25 година, во прва година запишани се 46 завршени основци, од кои 33 за паралелките на албански и 13 на македонски наставен јазик. Тоа значи дека за вториот, августовски уписен рок, слободни се 226 ученички места. Гледано одделно за настава на албански 137 и 89 на македонски наставен јазик, изјави за МИА, Афрона Леши, претседателка на Комисијата за спроведување на уписот.

Споредено со првиот уписен рок за минатата учебна година бројот на сега запишаните бележи благ пад. Тогаш биле запишани 71 ученик, односно 65 за настава на албански и шест на македонски наставен јазик.

Според директорот на гимназијата АТА, Сабри Асан, во оваа образовна институција во прва година запишани се 20 ученици.

-Гледано одделно по наставен јазик, 16 се за паралелката на турски, од кои 11 во првото и 5 во второто пријавува, додека на македонски наставен јазик четворицата ученици се во првото пријавување, додека во второто ниту еден. Право на упис имаат 68 ученици, во две паралелки, односно по 34 на двата јазика, рече за МИА, директорот Асан.

Во оваа гимназија годинава бројот на запишаните е за пет ученика повеќе. Тогаш биле запишани 15 од кои 10 на труски и пет на македонски наставен јазик.

Второто пријавување ќе се врши на 21 август, кога се очекува борјот на запишани да биде поголем, но повеќе од јасно е дека предидената квота и оваа година нема да биде пополнета.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2024 13:27