Камерното трио што го сочинуваат Билјана Петровска – пијано, Марија Јакимовска – флејта, Верица Ајтовска – виола, ќе настапат вечер во 21:00 часот во фоајето на Националната опера и балет, во рамки на 45. издание на Скопско лето.

Билјана Петровска е активен музички ументик на македонската музичка сцена. Образованието го стекнува во Скопје. Средно музичко образование завршува два отсека инстументален осек- пијано во класа на проф. Рита Поповиќ и наставно теоретски во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј, дипломира (1997г.) и магистрира (интерпретација на пијано 2002г.) во класа на Евушка Елезовиќ- Трпкова на ФМУ – Скопје. Во текот на своето музичко образование учествува на многу семинари меѓу кои се Првиот интернационален фестивал во чест на Владимир Хоровиц во Авеиро – Португалија, престојува во Париз два месеца во Градот на уметноста (Site the Arts), каде што одржува повеќе концерти.

Акцентот на интерпретациското творештво кај неа е насочен кон камерното музицирање. Досега има повеќе настапи со македонски музички уметници на манифестации во земјава како Скопско Лето, Еенски музички свечености, Охридско Лето, Денови на Македонска Музика. Настапува во многу градови низ земјава, како и во Истанбул (Турција),Франција (Париз), Бугарија (Софија), САД (Њујорк), Србија, Хрватска.

Активно камерни состави со кои концертира се Трио/квартет ВивАрт, The Quartet. Настапува со камерен состав кој изведува авторска музика на композиторот и аранжер Сашо Ливрински – Лаврод (македонски танго композиции и аранжмани на македонски фолклорни песни), како и авторска музика на Давор Јордановски. Моментално е редовно вработена во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ како пијано соработник.

Од 2012 г. до денес е хонорарен пијано соработник на ФМУ во Скопје. Од 2015г. до 2019г. настапува како прво пијано во оркестарот и бендот во мјузиклите „Чикаго“ и „Мама Миа“, кои се изведуваа во Македонскиот народен театар. Досега има учествувано во реализација на повеќе носачи на звук: Кларинетски Фантазии (со кларинетистот Петар Колевски), Македонски композитори (со кларинетистот Љупчо Чедомирски), Романтични мелодии (со трубачот Васо Ристов, онлајн албум со The quartet – свита за флејта и џез пиjано трио од Клод Болинг). Во јуни 2022 година М- СОЛ Рекордс го издаде нејзиониот прв авторски албум „Здивот на Вечната љубов“ со подршка на Министерство на култура на Република Северна Македонија.

Верица Ајтовска е родена 1997 година во Кочани. Основно музичко образование завршува во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани, како ученик на генерацијата, а средно во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип. Учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари по виолина и освојува награди. Во 2021 година дипломира виола со cum laude на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. м-р Фросина Балова. Учествува на Интернационалниот курс за музика во Ајон, Шпанија, каде посетува настава по виола кај Михаил Земцов и настава по камерна и современа музика кај истакнати професори на универзитети во Шпанија. Ајтовска е член на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“ со кој настапува на Охридско и Скопско лето, како и ансамблот на МММ Нонет + со кој има настапувано во Македонија и Бугарија.

Таа е член на квартети и повеќе приватни ансамбли и оркестри – во повеќе музичко-сценски проекти. Ајтовска има настапувано како солист и како дел од ансамбл на повеќе фестивали во Македонија и странство, како Денови на македонската музика, DAM Fest - Приштина, Curso International de Musica - Ayllon. Од 2018 година свири во оркестарот на FAMES (Orchestral Music Recording). Aјтовска од 2023 е вработена како виолист во Македонска Филхармонија. Марија Јакимовска започнува да изучува флејта од рана возраст водена од професор Радмила Попоска, најпрво во нижо музичко образовани, па во средно музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, закитувајќи се со бројни награди и успеси, а подоцна и на Факултетот за музичка уметност каде што дипломира и магистрира во класа на професор Страшо Темков. За време на образованието посетувала семинари и мастеркласи кај бројни професори. Настапувала како солист со камерниот оркестар при ДМБУЦ „Илија Николовски –Луј“, со Филхармонија на Р.С.Макединија, и на голем број камерни концерти и рецитали. Како солист има настапувано во Македонија, Израел, Чешка, Италија, САД, Австрија, Косово, Бугарија, Русија итн. Пројавува особен интерес и афинитет кон камерната музика и од 2012година е член на „Скопскиот дувачки квинтет“ како и на камерниот оркестар „Скопски солисти“, на камерниот состав „ TheQuartet“, и 10 години била член на квартетот флејти „Аулос“. Како флејтист во Националната Опера и Балет и надворешен соработник на симфонискиот оркестар за филмса музика F.A.M.E’.S соработувала со голем број врвни диригентски имиња: Бенџамин Шварц, Тимоти Редмонд, Емил Табаков, Габриел Бебешелеа, Јерухам Шаровски и др. Нејзина пасија се едукативни проекти наменети за млада публика и млади музички професионалци. Од 2017 година соработува со МММ и е проектен координатор на кампот и на камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија. Координатор е и на летниот музички камп во Михајлово. Како еден од позначајните проектот наменети за развој на млада публика "Balckboard music project"-подржан од ЕУ и Министерството за култура, Јакимовска била дел од серија концерти низ голем број училишта во Данска и Белгија во кои биле пријатно изненадувачки прифатени, од различни возрасни групи на ученици. Редовно одржува концерти за млада публика низ сите градови во државата. Добитник е на повеќе лични награди и признанија од државни и интернационални натпревари, семинари. Моментално вработена во оркестарот на Националната опера и балет, наведуваат од Дирекцијата за култура и уметност - Скопје. Билетите за концертот се во продажба на eTickets (karti.com.mk), како и пред почетокот на настанот на влезот на Националната опера и балет.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2024 12:45