Илире Даути е избрана за генерален секретар, а Тирон Јајага за организациски секретар на четвртото централно Собрание на Алијансата за Албанците што се одржува денеска во Скопје.

Пред почетокот на Собранието, лидерот на партијата Зиадин Села изјави дека точката на дневен ред ќе биде избирање на органите на партијата, а ќе се дебатира и околу политичката ситуација во државата.

-Ќе дебатираме околу политичката ситуација креирана после грубото кршење на легитимитетот, на волјата на граѓаните изразен со денот на гласањето. Ќе има и одлуки за кои ќе бидете информирани откога ќе заврши централното Собрание. Точка на дневен ред исто така ќе биде и избирање на органите на партијата. Ќе се избира централното претседателство на партијата од тесното претседателство, како и органите на партијата, изјави Села.

Алијансата на Албанците пред изборите се подели. Дел од членството предводено од Села на изборите учествуваше со коалицијата предводена од ДУИ, додека другиот дел предводен од сегашниот министер за здравство Арбен Таравари беше дел од коалицијата Вреди, и стана дел од владејачкото мнозинство.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2024 17:19