Последната етапа на 73. издание на велосипедската трка околу Австрија нема да се вози поради трагичната смрт на норвешкиот велосипедист Андре Дреге во саботата, соопштија денеска организаторите.

Според организаторите, 25-годишниот норвешки велосипедист од тимот Coop-Repsol паднал додека се спуштал од највисоката австриска планина Гросглокнер кон Хајлигенблут и им подлегнал на повредите. Деталите за несреќата сè уште не се познати. Познато е само дека Дреге бил во водечката група.

Организаторите соопштија дека по договор со семејството, неговиот тим и останатите екипи, решиле да ја откажат последната етапа, која требаше да се вози денеска.

„Целиот наш тим е шокиран од оваа трагична несреќа и нашите мисли и молитви се со семејството на Андре, пријателите и неговиот тим Coop-Repsol“, рече директорот на трката Томас Пуп



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2024 15:59