Министерот без ресор во српската Влада, задолжен за помирување, регионална соработка и социјална стабилност, Усаме Зукорлиќ, денеска изјави дека исламофобијата во Србија била на најниско ниво до моментот на нападот врз жандармите пред израелската амбасада во Србија, пренесе Бета.

Зукорлиќ во изјава за белградски медиуми нагласи дека Србија е специфична затоа што одамна не се сретнала со екстремизам од тој вид.

Тој апелираше до граѓаните дека нема причина да се плашат од муслиманите, „бидејќи тие се составен дел од оваа земја и се грижат да придонесуваат, да се развиваат, да живеат, особено во местата каде што се мнозинство“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2024 15:00