Директорот на српската Академија за национална безбедност Драган Симеуновиќ изјави дека во Србија постојат претежно приврзаници на верски екстремизам, главно следбеници на фундаменталистичкиот ислам познат како вахабизам. Во земјата има околу стотина вахабистички групи и подгрупи, со вкупен број членови што не надминува илјада.

Во интервју за весникот „Политика“, Симеуновиќ истакна дека вахабистите не се концентрирани само во Рашко-Полимската област, туку и во Белград, Краљево, Нови Сад и други градови низ Србија, пренесува дневник.рс.

Говорејќи за инцидентот каде верски конвертит, Милош (Салахудин) Жујовиќ, нападна полицаец со самострел пред Амбасадата на Израел во Белград, Симеуновиќ рече дека новиот тренд во исламскиот тероризам е користење на различни средства за напади, како автомобили, камиони, куќен алат и спортски реквизити како самострел.

Овој начин на напади има за цел да шири страв меѓу населението, бидејќи терористите тешко доаѓаат до огнено оружје и експлозив поради заострените казни за незаконито производство и поседување на оружје.

Симеуновиќ смета дека законодавците треба да воведат мерки кои ќе го опфатат и поседувањето на спортски реквизити кои можат да се злоупотребат за напади.

Зборувајќи за тоа кои се најчестите мотиви луѓето да се преобратат, како што беше случајот со напаѓачот во Белград, Симеуновиќ истакна дека преобраќањето од една во друга вера е право на секој човек на слобода на избор, но дека кога станува збор за преобраќање во следбеници на милитантниот исламизам, има некои специфики.

„Обично се работи за луѓе кои се незадоволни со себе и од својот живот и кои вината за своите неуспеси исклучиво ја бараат во другите, вклучително и во државата и црквата на која припаѓаат. Неможноста да се постигнат лични цели ја заменуваат со борба за големи цели, притоа доделувајќи си во својата глава конечно важна улога“, рече тој.

Симеуновиќ подвлече дека е многу погрешно да се гледа на сите муслимани како потенцијални екстремисти. Огромен дел од 1,5 милијарди муслимани во светот се мирољубиви и ненасилни луѓе. Сепак, при милитантните интерпретации на исламот, како вахабизмот, треба да се биде внимателен, бидејќи значителен број на верски екстремисти се токму вахабисти



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2024 16:21