Ја разбираме фрустрацијата на СДС и Венко Филипче кои се китат со перјата на оваа влада. Но нивното време заврши. За само две недели, две големи инвестиции. Инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк е најголема во регионот. И инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра. Се потврди по којзнае кој пат и дека за СДСМ само ВМРО-ДПМНЕ може да донесе нови инвестиции во државата, што зборува за недостатокот на елементарна работливост од страна на СДС кои 7 години здружно крадеа со ДУИ, па затоа за нив посветеноста на оваа влада е недостижна цел на која ѝ придаваат супер моќи.

Венко Филипче сигурно не е Чак Норис, но е лопов ископиран со индиго на Заев, 7 години на власт 0 инвестиции. Од друга страна додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи СДСМ повторно прави очајнички обиди да го минимизира успехот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека реалноста и напорната работа на ВМРО-ДПМНЕ ги надминуваат нивните способности. Но, ние ќе продолжиме да работиме напорно и да ги постигнуваме нашите цели, без оглед на саркастичните и несериозни коментари од СДСМ, партијата која ја урниса државата претворајќи ја во срамна филијала на белосветскиот и домашниот криминал. Венко Филипче и Зоран Заев се лошото лице на власта на СДС и ДУИ. Нашата посветеност кон привлекување инвеститори е јасна и недвосмислена. Преку промовирање на Македонија како стабилна и атрактивна дестинација за инвестирање, ние ќе продолжиме да ги реализираме нашите ветувања и да ја подобруваме економската состојба на сите граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2024 16:40