Грдото лице на власта на СДС и ДУИ се корумпираните функционери, кои уште продолжуваат да владеат со тие партии. Венко Филипче кој ја води СДС и Љубомир Фрчкоски кој нема отчет како ги трошел народните пари се пример зошто СДС изгуби катастрофално.
Ако Љубомир Фрчкоски нема отчет како ги трошел парите на мисијата, Венко Филипче не сака воопшто да има потреба од давање отчет и има на план да го приватизира здравството во целост.
Венко Филипче пред заминување од функцијата министер за здравство јавно кажа дека размислува државата да не инвестира во здравствена инфраструктура и да не плаќа за истата, туку да плаќа само услуга.
Филипче јасно и стави до знаење на јавноста дека сака да ги приватизира болниците, и да не гради нови, туку тоа да го прават приватни фирми, а државата да им плаќа на истите за лечење на пациентите.
Да го слушнеме и погледнеме Филипче, и неговиот план за целосна приватизација на здравството:
"Дали нас ни треба да менаџираме инфраструктура, дали ние треба да се занимаваме како здравствен систем со набавка на возила, и градење на згради за болници или едноставно треба да се ослободиме од менаџирање на инфраструктурата и да почнеме да станеме систем кој што купува услуги."
Дали Филипче дојде на местото претседател на СДС со надеж некогаш во иднина да се обиде повторно да го реализира својот план и да ја остави државата без јавно здравство?
Ова е СДС, ова е Венко Филипче, партија и луѓе кои не мислат за здравството и пациентите, туку само за нечиј приватен интерес.
По истиот принцип по кој се однесува Филипче, се однесувал и Фрчкоски. Тоа е матрицата на СДС и грдото лице на власта на СДС и ДУИ.
Со СДС и ДУИ имаше помалку за народот и државата, а повеќе за мафијата. Тоа време заврши. Тоа време веќе не смее да се повтори.