Самостојната изложба „Пчела“ беше отворена попладнево во галеријата „Ко-ра“. Станува збор за изложба на професорот Љубе Алексовски, со што се одбележуваат 40 години од неговото активно творештво во сферата на визуелните уметности.

Проектот е поддржан од Град Скопје, како и од Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје во рамки на Годишната програма за визуелни уметности, дизајн и архитектура за 2024 година.

Алексовски е роден во Куманово. Покрај педагошката дејност, активно се занимава со сликарство. Организатор е и учесник е на повеќе ликовни колонии. Активно учествува во многубројни групни изложби, тематски и други мултимедијални проекти, како и во бројни мултикултурни изложби во земјата и во странство. Реализирал и повеќе самостојни изложби. Познати се неговите мурали на повеќе јавни објекти низ државата, како и ликовните и просторни интервенции на повеќе јавни објекти. Претседател е на здружението за уметност „ЗУМ 92“ и „Зум 2002 - Љубеизам“ со кое организира повеќе ликовни изложби и други проекти



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2024 17:37