Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2024 16:34