Грдото лице на власта на СДС и ДУИ, Филипче како министер аминуваше милионски тендери од Ирина Пановска кон фирмата на татко и.
Не поминуваат изговорите кои Филипче ќе ги каже и ги кажуваше во минатото, дека тој немал врска со тендерите, туку Клиниката. Филипче како министер можеше да ја разреши директорката на Хематологија Ирина Пановска, доколку навистина сакаше да ги спречи тендерите од ќерка на татко.
Филипче не само што не ја разреши, туку со своето недејствување и ги аминуваше милионските тендери од Клиниката за Хематологија каде директор беше ќерката Пановска, кон Веледрогеријата Др. Пановски на таткото Пановски.
По неколку милиони секоја година завршуваа од сметката на Клиниката за Хематологија на сметка на Др. Пановски. Тоа е грдото лице на власта на СДС и ДУИ, тоа е причината за која Филипче стана претседател на СДС. Кога ќе биде прозван за одговорност или ќе биде поведена постапка против него, да се вади на политички притисок и со надеж дека некогаш во иднина повторно ќе може да се повтори шемата со Пановски и ним сличните.
Филипче се преиграл во пресметките. Ниту од одговорност ќе може да се избега, ниту пак народот ќе му даде шанса пак да го краде.