„Јас одговорно можам да тврдам и верувам дека огромен број на граѓани во државата ќе се согласат со мене, а тоа е дека нема поцрни денови за македонското здравство од она време кога македонското здравство го предводеше Венко Филипче“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Лефков потсети дека почетокот на короната Македонија го дочека без тестови, во време на Филипче имаше и сомнителни тендери било тоа да е за реагенси, обиди за приватизација на Итната помош, градење на ковид модуларни болници без никакви стандарди, скандалот со Онкологија итн.
„За периодот кога Венко Филипче беше министер за здравство се случија многу скандали“, рече тој.
„Самите Извештаи на Државниот завод за ревизија покажуваат дека се злоупотребувани средства од ковид кризата. Тука се и Извештаите на Светска здравствена организација каде што пишуваше дека Македонија најлошо се справи со кризата“, укажа Лефков.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период алармираше за неправилностите кои што се случуваа додека Филипче беше министер.
„Се надевам во следниот период ќе продолжи тоа уште посилно со реформи и во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители, во сите тела, и конечно ослободување на институциите во Македонија кои долго време беа заробени под СДСМ и ДУИ“, нагласи Лефков.
Пратеникот додаде дека со Владата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа време на одговорност.