Да се изврши активирање на резервниот состав на пожарникари на општина Неготино, е еден од заклучоците на Штаб за заштита и спасување, по големиот пожар во неготинско.

- РЦУК Неготино да ги преземе сите со закон предвидени надлежности за постапување во случај на елементарна непогода и контакт со соодветните институции и органи на РСМ. Институциите основани од Општина Неготино да ги стават на располагање сите материјални и човечки ресурси за справување со настанатите пожари, се вели во заклучоците.

Правните субјекти кои располагаат со соодветна механизација во рамките на можностите, што не ја попречуваат нивната дејност, да ги стават на располагање своите ресурси.

Заклучено е да се достави барање до ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино за постојана екипа на Итната медицинска помош на терен.

- Сите правни субјекти и физички лица кои во своја сопственост поседуваат соодветни резервоари за вода, да обезбедат непречено црпење на вода за гаснење на пожари. Да се обезбедат и дистрибуираат потребните количини на вода за пиење и храна до спасувачите на терен, се вели во заклучоците.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2024 17:39