Украинско беспилотно летало ноќеска погодило складиште за нафта во регионот Цимлјански, во руската Ростовска област, по што избувнал пожар.

Гувернерот на областа Василиј Голубев на Телеграм објави дека според првичните информации, нема загинати и повредени во украинскиот напад.

Украинската војска, пак, соопшти дека биле соборени четири руски дрона во областите Доњецк и Харков. Командантот на воздухопловните сили на Украина, генерал-полковник Никола Олешук, изјави дека еден руски дрон го напуштил воздушниот простор на Украина и се упатил во правец на регионот Гомел во Белорусија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2024 16:15