Од коалицијата „Влен“ денеска ја обвинија ДУИ дека шири лаги и манипулации за да креира незадоволство кај Албанците и го повикаа лидерот на ДУИ Али Ахмети да одговори што му понудил на Христијан Мицкоски за да влезе во Владата.

- Како коалиција ВЛЕН го повикуваме Али Ахмети вечерва да го искористи партискиот собир во Гостивар, и, да и одговори на јавноста зошто му нудеше на Христијан Мицкоски да влезат во Влада наместо ВЛЕН со четири министри, без Претседател на Собрание заедно со гаранции дека локалните избори догодина ќе одработат неговите кандидати Македонци да станат градоначалници на Кичево и Струга, изјави Фари Хусени од Влен.

на најголемите политички партии во земјава, објавува мораториум на сите партиски активности во врска со парламентарните избори до 22 март 2020.

Од ДУИ преку соопштение одговорија дека Влен го предале Министерството за имплементација на Охридскиот договор и дека сега се подготвуваат да ги дадат и Кичево и Струга.

- Тука ги преминавте црвените линии и ќе се соочите со отпорот на народот и на секој Албанец. Ова е сериозно кршење на постигнувањата и достоинството на Албанците, и ваквиот чекор нема да помине без силна реакција, се вели во соопштението од ДУИ.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2024 18:29