Денес заседава Политичкото координативно тело на ВЛЕН формирано од 9 претставници на коалицијата. Ова извршно тело е резултат на силната политичка волја меѓу лидерите на партиите кои се дел од коалицијата ВЛЕН за постепена внатрешна интеграција заради зголемување на ефикасноста во испорака на предизборните ветувања и заедничко сихронизирано политичко делување.
Ние ги слушаме барањата и очекувањата на гласачите. Нивната волја е ВЛЕН да стане симбол за сенародното обединување на Албанците. Затоа, најавуваме дека следен чекор е промоција на коалиционата Комисија за прашања на изборите, именувањата и надзор на спроведување на политиките, потоа заедничка веб страна, коалициони канали за комуникација на новите медиуми, заеднички Центар за комуникации со јавноста и назначување на портпарол на коалицијата. ВЛЕН прераснува во политички бренд кој работи исклучиво во интерес на обезбедување на сигурна иднина за Албанците. Овој процес е тргнат и нема застанување. Наша цел е ВЛЕН да прерасне во регионално политичко движење кое фокусирано ќе ги адресира потребите на Албанците преку спроведување на реал политички чекори