Директорот на Агенцијата за иселеништво на Македонија Слободан Близнаковски денеска и подари уметнички дела на Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“- Скопје во знак на, како што се наведува, благодарност за огромната посветеност на здравствените работници на оваа јавна здравствена установа.

Како што информира Агенцијата за иселеништво, Близнаковски му ги предал уметничките дела на директорот на болницата д-р Небојша Настов.

Уметничките дела се насликани од македонски уметници кои живеат и творат надвор од границите на нашата држава. Тоа се дела насликани на последните две ликовни колонии, кои беа во организација на Агенцијата за иселеништво и се оддржаа во Крушево и Охрид



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2024 18:10