Штипските пожарникари се на терен и будно се следи пожарот на планината Серта, изјави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој посочи дека постојано е во комуникација со надлежните институции за гаснењето на пожарите на непрристапниот планиниски терен.
-Екипите на Територијалната Противпожарна единица, заедно со волонтери од Македонски шуми, припадниците на АРМ, Полиција и други институции се на терен. Морам да истакнам дека на територијата на Општина Штип се активни неколку пожари, кои се под контрола и кои од надлежните институции и се соодветно третираат и се дејствува врз нив, вели Јорданов.
Инаку, според ЦУК на територија на планината Серта во текот на утринските часови во штипскиот дел има пожари на две локации. Пожарот на планината Серта се гаси со воздухоплови, но и од земја.